Повеќе паметна технологија за поголема безбедност.

Напредниот Hyundai SmartSense пакет, нашиот најсовремен Систем за напредна помош на возачот, сега е потполно интегриран во новиот I30, нудејќи ви безбедност и мир за оние кои ги сакате.

 

Повеќе паметна технологија за поголема безбедност.
Помош при пратење на лента (LFA)

Помош при пратење на лента (LFA)

За прв пат новиот I30 има помош при пратење на лента (LFA). Кога се активира, системот го држи возилото во средина на коловозната лента при брзина помеѓу 0 и 180 км/ч на автопат и градските улици.

 

Помош при избегнување на преден удар (FCA)

Помош при избегнување на преден удар (FCA)

Надгледувајќи го патот напред со помош на радарот и камерата, FCA системот автоматски кочи кога детектира изненадно кочење на возила напред, или пешаци и велосипедисти на патот.

 

Помош при избегнување на судар во мртов агол (BCA)

Помош при избегнување на судар во мртов агол (BCA)

Со помош на два радарски сензори во долниот дел на задниот браник, системот ве предупредува на сообраќајот во подрачјето на мртов агол. Ако го активирате индикаторот за вртење во ваква ситуација, ќе се огласи звучното предупредување и системот ќе закочи како би се спречил судар. 

 

Помош за избегнување на судар при накрсно движење наназад (RCCA)

Помош за избегнување на судар при накрсно движење наназад (RCCA)

Кога возите наназад во подрачјата на слаба видливост, системот не само што ве предупредува ако доаѓа возило од страна, туку и автоматски кочи.

 

 

Предупредување на поминување на возила напред (LVDA)

Предупредување на поминување на возила напред (LVDA)

Паметната функција за градско возење го предупредува возачот кога возилото напред се поместува, како на семафор или во сообраќајна гужва.

 

Помош при исклучување на долгите светла (HBA)

Помош при исклучување на долгите светла (HBA)

Помалку стрес, максимална видливост. HBA не само што детектира возила кои ви доаѓаат во пресрет, туку и возилата пред вас кои се движат во иста насока и по потреба префрлуваат на соборени светла.

 

Помош за останување во лента ( LKA)

Помош за останување во лента ( LKA)

Во случај на ненамерно напуштање на лента, LKA ве опоменува и може да примени спротивен управувачки момент за да го врати автомобилот назад во лента.

 

Паметно предупредување на ограничување на брзината (ISLW)

Паметно предупредување на ограничување на брзината (ISLW)

Препознавање на знаци за ограничување на брзината на патот и прикажување на знаци за ограничување на брзината и забрана за претекнување во реално време и на навигациониот дисплеј и на инструмент таблата.

 

Предупредување на будноста на возачот (DAW)

Предупредување на будноста на возачот (DAW)

Кога системот ќе забележи умор или деконцентрација, системот ви го превзема вниманието со звучен сигнал и порака, предлагајќи ви пауза.

 

Cenovnik, tehničke karateristike, brošura

Dokument Naziv Link
PDF dokument | 12.26MB Hyundai i30 Каталог
PDF dokument | 0.35MB Hyundai i30 Ценовник
PDF dokument | 0.34MB Hyundai i30 Караван Ценовник

hyundai-mk.mk користи колачиња и ја почитува Вашата приватност! Колачињата ги корисстиме за различни цели како што се функционалност на веб страната, за подобро искуство, интеграција со социјалните мрежи. Продолжувајќи ја вашата посета на веб страната, се согласувате да ги користиме колачињата, но не и личните податоци.