Корпоративна Филозофија

Корпоративна Филозофија

Филозофија На Менаџмент

Најфундаметалната причина за постоење на Hyundai Motor Company и основата за нејзиното континуирано постоење.

Основни Вредности

Водечки принципи за однесувањето на вработените и донесувањето на одлуки кои се суштински во реализирањето на нашата филозофија на менаџмент и визија.

Визија

Целите на Hyundai Motor Company за следната декада кои ќе се проследат со конкретни бизнис стратегии и планови за делување.

Филозофија На Менаџмент

Филозофија На Менаџмент

Да се реализира сонот на човештвото со креирање на нова иднина преку генијално размислување и континуирано поместување на нови граници.

Визија 2020

Визија 2020

Доживотен партнер во автомобилизмот, и повеќе од тоа!

Hyundai Motor Group создаде нова визија: „Заедно за подобра иднина“ за да може да ја исполни улогата и обврската како глобална компанија од доверба. Hyundai Motor Company ја дефинираше својата визија: „Доживотен парнер во автомобилизмот, и повеќе од тоа“, за да биде чекор поблиску до потрошувачите и да биде нивен омилен бренд. Автомобилот веќе не е едноставно средство за транспорт кое ги поврзува луѓето меѓу себе туку стана животен простор кој има централна улога во животот на луѓето. Како таков, Hyundai Motor Company има за цел да стане доживотен партнер во секојдневниот живот на потрошувачите. Во овој момент развиваме еколошки и човечки ориентирани технологии за иднината и поставуваме оптимизирани системи за глобален менаџмент, со цел да го обезбедиме најдоброто искуство на нашите потрошувачи.

 

Основни Вредности

Hyundai Motor Company ја препознава важноста и влијанието што автомобилите го имаат врз општеството и човештвото. Се стреми да игра улога што ќе значи повеќе од едноставни произведувачи на автомобили, и да биде доживотен сопатник на потрошувачите. Ќе изгради поврзаност со потрошувачите остварувајќи ја својата визија да биде „доживотен партнер во автомобилството и повеќе од тоа“ и ќе учествува во „соработката за подобра иднина“, како составен дел од Hyundai Motor Group.

Клиенти

Клиенти

Ние промовираме корпоративна култура водена од потрошувачите, обезбедувајќи најдобар квалитет и беспрекорна услуга сè со цел да ги задоволиме нашите потрошувачи.

Предизвик

Предизвик

Ние одбиваме да бидеме безгрижни, туку ја прифаќаме секоја можност за поголем предизвик, и сме сигурни во постигнувањето на нашите цели со непоколеблива страст и генијалност.

 

Соработка

Соработка

Креираме синергија преку чувство на „заедништво“, кое го одржуваме со заедничка комуникација и соработка во Компанијата и со нашите бизнис-партнери.

Луѓе

Луѓе

Креираме синергија преку чувство на „заедништво“, кое го одржуваме со заедничка комуникација и соработка во Компанијата и со нашите бизнис-партнери.

Глобалност

Глобалност

Ја почитуваме различноста на културите и обичаите, се стремиме да бидеме најдобри во тоа што го работиме на глобално ниво, и се стремиме да бидеме почитувани како глобална корпорација.

Нова перспектива за автомобилите

Сакаме да го подобриме концептот на автомобили од едноставното средство за транспорт, што е сега, до нов простор што ги поврзува луѓето до нивните фамилии, работа и општество. Имаме цел да додадеме нова вредност на традиционалниот автомобил со трансформирање на автомобилот во забавен простор, на којшто луѓето можат да се потпрат кое било време и на кое било место.

 

Иновативни решенија за мобилност

Ќе им доставиме поголеми бенефиции и вредност на нашите потрошувачи, со обезбедување конкурентност на трошоците на глобалниот пазар. Од развојот на производот до услугата по продажбата, ќе се осигураме дека секој процес поврзан со автомобилот е во согласност со обезбедување целосно потрошувачко искуство.

Хумани, еколошки технологии и услуги

Нашиот автомобилски бизнис ќе ја оживее стабилноста и удобноста што доаѓа со иновативните технологии. Додатно, ќе продолжиме да реализираме одржлив менаџмент со постојано развивање на нови технологии, што имаат за цел подобрување на енергетската ефикасност. Исто така, ќе ја прошириме нашата услуга-произведување готови автомобили, на сè што е поврзано со автомобилот, вклучувајќи суровини, делови за автомобили, финансирање, користени автомобили и рециклирање. Исто така, ќе користиме најнова ИТ-технологија за максимална поврзаност со нашите потрошувачи.

hyundai-mk.mk користи колачиња и ја почитува Вашата приватност! Колачињата ги корисстиме за различни цели како што се функционалност на веб страната, за подобро искуство, интеграција со социјалните мрежи. Продолжувајќи ја вашата посета на веб страната, се согласувате да ги користиме колачињата, но не и личните податоци.