Надворешен дизајн

Уникатниот надворешен дизајн на IONIQ 5 се карактеризира со јасни и остри линии кои создаваат елегантен и софистициран изглед.

Надворешен дизајн
Просторност

Просторност

Пространата и прилагодлива внатрешност е како дом далеку од вашата куќа.

BEV архитектура

BEV архитектура

Посебната архитектура BEV обезбедува долго меѓуоскино растојание и рамен под. Во споредба со средните Crossover возила со конвенционални погонски агрегати создава продорен дизајн.

Внатрешен дизајн

Внатрешен дизајн

Модуларната контролна табла на моделот располага со 12-инчен инфозабавен екран со целосен допир без цврсти копчиња и 12-инчен дигитална инструмент табла со мерачи без капак, кој прикажува информации поврзани со ЕВ додека возите, како што се статусот на батеријата и позицијата на полначи во близина.  

Ултра брзо полнење

Ултра брзо полнење

Со полнач од 350 kW, IONIQ 5 може да се наполни од 10 до 80 проценти за само 18 минути. Возачите на IONIQ 5 треба да го полнат возилото само пет минути за да стигнат до опсег од 100 km, според WLTP.

„Zero-Gravity

„Zero-Gravity " седишта

IONIQ 5 е опремен со електронски прилагодливи предни седишта „Zero Gravity“. Седиштата се навалуваат до оптималниот агол, давајќи им на патниците чувство на бестежинска состојба, па оттука и името на седиштата „Zero Gravity“ (нулта гравитација). Hyundai ја намали дебелината на овие предни седишта за околу 30 проценти, создавајќи повеќе простор за патниците од вториот ред. Ова им овозможува на патниците да го приспособат внатрешниот простор за да одговарат на различни потреби и ситуации.

Универзална централна конзола.

Универзална централна конзола.

Лизгачката конзола им овозможува на патниците да уживаат не само во поголема флексибилност, туку и слободно да влегуваат и излегуваат од кабината од двете страни при паркирање на тесна улица. Патниците во вториот ред на седишта можат да уживаат и во функциите на централната конзола, како што се држачи за чаши, безжичен полнач за паметни телефони од 15 W и USB порти. Уникатниот остров навистина ја редефинира централната конзола, нудејќи повеќе функционалност отколку статичната касета за складирање.

Cenovnik, tehničke karateristike, brošura

Dokument Naziv Link
PDF dokument | 1.83MB Hyundai IONIQ 5 Каталог
PDF dokument | 0.4MB Hyundai IONIQ 5 Ценовник

hyundai-mk.mk користи колачиња и ја почитува Вашата приватност! Колачињата ги корисстиме за различни цели како што се функционалност на веб страната, за подобро искуство, интеграција со социјалните мрежи. Продолжувајќи ја вашата посета на веб страната, се согласувате да ги користиме колачињата, но не и личните податоци.