Систем за задржување сообраќајна лента (LKAS)

Дизајниран првенствено за алармирање на возачите кои заспиваат зад воланот. Доколку возилото ја напушти
лентата без сигнализирање однапред, системот за задржување сообраќајна лента (LKAS)
препознава и реагира со издавање на звучно предупредување до возачот или активно
исправување на насоката на управување.

Откривање на мртов агол (BSD)

Системот го известува возачот за возила во мртов агол, што го олеснува менувањето на лентите,
на пример. Кога се враќате наназад од паркинг местото, сигналот за сообраќај позади Вас,
кој го придружува BSD системот, го предупредува возачот за приближни возила и може да ги ублажи последиците од претстојниот удар.

Автономна сопирачка за итни случаи (AEB)

Системот е напреден систем за помош при возење кој се потпира на радарски сигнали и
предната камера за детекција за континуирано анализирање на движењата.
При откривање на ризик од удар со пешак или друго возило, тогаш
сопирачките автоматски се применуваат со што се минимизира ризикот од оштетување на возилото и / или лична повреда.

Адаптивен темпомат (SCC)

Системот е комфорна алатка која го користи предниот монтиран радар
за следење на возилото напред. Автоматски ја одржува претходно поставената брзина
и безбедно растојание помеѓу возилата преку регулирање на гасот и примена на сопирачките
кога е потребно.

Cenovnik, tehničke karateristike, brošura

Dokument Naziv Link
PDF dokument | 0.52MB Ценовник Ioniq-hibrid

hyundai-mk.mk користи колачиња и ја почитува Вашата приватност! Колачињата ги корисстиме за различни цели како што се функционалност на веб страната, за подобро искуство, интеграција со социјалните мрежи. Продолжувајќи ја вашата посета на веб страната, се согласувате да ги користиме колачињата, но не и личните податоци.